Одбојкарите на Џио Струмица се вториот финалист во Купот на Македонија. Лесно и убедливо, најдобриот тим во лигата оваа сезона, славеше во три сета препуштајќи им на противниците максимум 17 поени во вториот сет.

Џио Струмица доминираше уште на стартот, па “црвено-црните” во првиот сет стигна само до 14 поени. По 17-те освоени поени во вториот, Вардар во третиот сет стигна до 16 поени, со што струмичани дојдоа до победата која ги носи во неделното финале.

Во недела од 18 часот во салата “Парк” во финалето ќе играат Џио Струмица и Универзитет во Тетово.

 

sportmedia.mk