logo
logo
logo

Џиџи: Тука сум во секое време да му помогнам на Кадино!

Vecer | 06.02.2021

Џиџи: Тука сум во секое време да му помогнам на Кадино!

Никола Илиевски – Џиџи, екс селекторот на нашата најдобра репрезентација, еден од нашите најпознати тренери, додека е во очекување на нов тренерски ангажман, одново седна на клупата на Кадино, со цел да помогне колку што може.

„Првите луѓе на Кадино ми се пријатели и затоа сакам да му помогнам на тој тим, тука сум во секое време. Се разбира до оној момент додека не успеам да најдам некој тренерски ангажман, има разговори, преговори и може да се случи тоа брзо да биде. Инаку јас сум задоволен од тоа што го работевме со момците од тимот на Кадино. Еве денеска во Дојран одигравме и пријателска средба со српскиот второлигаш Сремска Митровица и загубивме со 0:2. Нас ни беше поништен гол, а гостите првиот го постигнаа од пенал. Сепак гостинот е подобар тим, ние одигравме колку што можевме во моментов. Има уште многу да се работи до 27 овој месец кога стартува сезоната во Втората лига – запад, се надевам дека добро ќе се подготвиме. Се разбира зависи од тоа дали јас и понатаму ќе бидам тука. Ново е тоа што вчера ни се приклучи младиот стопер Мисердовски од Работнички, тој за нас ќе биде добро засилување“ ни изјави Џиџи Илиевски.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk