logo
logo
logo

Џиџи: Ренова е одлична екипа, не смее да не залажат двата нејзини порази пролетва!

Vecer | 02.03.2021

Џиџи: Ренова е одлична екипа, не смее да не залажат двата нејзини порази пролетва!

По неделното гостување кај Шкендија, Вардар и утре ќе гостува во Тетово, но сега во рамките на 21.коло кај Ренова. Екипа која во првите два пролетни меча доживеа два порази. Токму затоа работата на Вардар ќе биде отежната, Ренова по секоја цена мора да ги освои трите бода.

Токму фактот дека Ренова е под притисок е нашата шанса. Во фудбалот кога се мора нешто по секоја цена тогаш е најтешко да се игра. Видете, утре му гостуваме на еден одличен тим, по квалитет еден од најдобрите во ПМФЛ. Не смее во никој случај да не залаже или опушти фактот дека “гипсарите“ на двата пролетна меча забележаа два порази. Секако дека тие ќе имаат и мотив повеќе со оглед на тоа дека на голем дел од тие играчи пред извесно време јас им бев тренер. Посебно го ценам Ремзифаик Селмани, еден од најдобрите офанзивци во Лигата. Сепак ние ќе се обидеме со една строго контролирана и максимално дисциплинирана да дојдеме до добар резултат. Во секој случај уште едно тешко гостување“ вели тренерот на Вардар, Никола Илиевски – Џиџи пред утрешното гостување кај “неговата“ Ренова.

Инаку тој жали по поразот во неделата од Шкендија.

Не сакам да звучам претенциозно, се знае која е Шкендија во моментов, но сметам дека ние можевме да извлечеме бод. Додека имавме во себе физичка сила му задававме големи проблеми на домашниот тим. Првиот гол на Шкендија беше по наша вина, а на вториот му претходеше непостоечки фаул. И место тоа да биде фаул за нас или во најлош случај корнер за Шкендија, беше покажано слободен удар за тетовци. И Алими како голем играч тој слободен удар го претвори во гол, но и тука мислам дека нашиот голман можеби можеше подобро да реагира, па ја имаше таа топка во своите раце. Факт е дека ние си имаме проблем со физичката кондиција, тука не можеме ништо да сториме“ изјави за СПОРТМЕДИА стратегот на вардарци.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk