logo
logo
logo

Џерард за шпекулациите кои го враќаат на „Енфилд“: Клоп ќе биде уште долго во Ливерпул

Vecer | 09.03.2021

Џерард за шпекулациите кои го враќаат на „Енфилд“: Клоп ќе биде уште долго во Ливерпул

Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард одговори на шпекулациите кои го поврзуваат со тренерското место на клупата на својот долгогодишен клуб. Човекот кој на Ренџерс годинава му ја донесе шампионската титула во шкотската Премиер лига, е сметан за фаворит за наследник на Јирген Клоп на „Енфилд“.

По серијата слаби резултати на „црвените“ и опцијата Клоп да ја преземе германската репрезентација откако Јоаким Лев најави дека летово ќе си замине од кормилото на националниот тим, неговата кандидатура станува се поактуелна.

„Не треба да зборуваме за тоа сега, затоа што го имаме еден од најдобрите менаџери на чело на клубот. Го сакам и го почитувам многу. Се надевам дека ќе остане уште многу години. Јас имам работа тука во Ренџерс. Не мислам дека нешто ќе помогне сега да се зборува за тоа. Се надевам дека Јирген ќе остане долго во Ливерпул“, вели Џерард.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk