Девојките ќе мораат преку Словенија ако сакаат пласман на Светското првенство

Македонската женска ракометна репрезентација ќе игра со Словенија во баражот за пласман за Светското првенство во 2019 година во Јапонија по одредената ждрепка во Париз.

Иако можеше да се паднат и потешки противници, Словенија не е слаба репрезентација, што покажа со учеството на Европското првенство во Франција, каде што испадна во групната фаза, но во меч кој не значеше многу беа подобри од финалистите Русија.

Македонија успеа да стигне до баражот за пласман на СП по освојувањето на групата во која беа Азербејџан, Турција и Исланд.

Ракометарките ќе играат бараж за СП во Јапонија

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари