logo
logo
logo

Девојката која го обвини Роналдо за силување бара неверојатни 80 милиони долари!

Vecer | 29.04.2021

Девојката која го обвини Роналдо за силување бара неверојатни 80 милиони долари!

Кетрин Мајорга, девојката која го обвини Роналдо за силување, поднела тужба со која бара отштета од португалската ѕвезда неверојатни 80 милиони долари!

Мајорга и Роналдо се запознале во 2009 година во еден ноќен клуб во Лас Вегас. Кристијано наводно ја принудил на анален секс во неговиот апартман.

После тоа Кетрин се обратила во полиција, а бил испитан и Роналдо кој се правдал дека сексот бил груб и дека девојката не повикувала помош. Роналдо и исплатил тогаш 375 илјади евра за се да заборави.

Меѓутоа сега со новата тужба таа бара 80 милиони долари, односно 56 милиони фунти. Сака 25 милиони за душевна болка, страдања во минатото, и ист износ за душевна болка низ која ќе поминува во иднината. Исто така бара да се подмират и сите судски трошоци.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk