logo
logo
logo

Денвер преку Шарлот го осигура плеј-офот и предност од домашен терен

Vecer | 12.05.2021

Денвер преку Шарлот го осигура плеј-офот и предност од домашен терен

Кошаркарите на Денвер против Шарлот, конечно, ја обезбедија предноста на домашен терен во плеј-офот на Западната конференција на НБА лигата. Нагетс победија со 117:112 и тоа благодарение на Никола Јокиќ и на Мајкл Портер кои дадоа по 30 поени.

Мечот имаше интересен тек, на пет минути до крајот Денвер имаше водство од 102:95, а на две и пол минути до крајот Шарлот стигна до 107:106. Меѓутоа, Факундо Кампацо во завршницата погодува тројка за Денвер и на тој начин го решава прашањето на победникот.

Оклахома е поразена од Сакраменто со 122:106. Алексеј Покушевски од Оклахома имаше одлична вечер и го престигна легендарниот Коби Брајант по број на тројки во руки сезоната, затоа што српскиот кошаркар против Кингс стигна до 52. тројка.

Мајами осигура пласман во плеј-офот по триумфот над Бостон 129:121. Во другите натпревари:

Детроит – Минесота 100:119, Торонто – Л.А. Клиперс 96:115, Чикаго – Бруклин 107:115, Индијана – Филаделфија 103:94, Мемфис – Далас 133:104, Милвоки – Орландо 114:102, Голден Стејт – Финикс 122:116, Л.А. Лејкерс – Њујорк 101:99.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk