logo
logo
logo

Денвер на крилата на Јокиќ го совлада Њу Орлеанс, Лејкерс повторно се врати на поразите

Vecer | 29.04.2021

Денвер на крилата на Јокиќ го совлада Њу Орлеанс, Лејкерс повторно се врати на поразите

Никола Јокиќ повторно играч одлука за Денвер во победата над Њу Орлеанс со 114:112. Покрај во нападот, Јокиќ имаше свој уддел и во одбраната стопирајќи го Зајон Вилијамсон на две секунди пред крајот, и со тоа спречи гостите да постигнат кош и да се изборат за продолженија.

Денвер во текот на целиот меч водеше, но гостите во завршницата имаа шанса преку продолженија да направат нешто повеќе.

Јокиќ натпреварот го заврши со 32 поени, осум асистенции и седум скока, три блокади и три украдени топки.

Кошаркарите на Атланта претрпеа дебакл на гостувањето кај Филаделфија. Вашингтон го совлада тимот на ЛА Лејкерс, кој после трите порази, врати со победа, но сега одново е поразен. Њујорк го надигра Чикаго со 113:94.

РЕЗУЛТАТИ

Кливленд – Орландо 104:109
Филаделфија – Атланта 127:83
Бостон – Шарлот 120:111
Њујорк – Чикаго 113:94
Вашингтон – ЛА Лејкерс 116:107
Мајами – Сан Антонио 116:111
Денвер – Њу Орлеанс 114:112
Мемфис – Портланд 109:130
Феникс – ЛА Клиперс 109:101
Сакраменто – Јута 105:154


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk