logo
logo
logo

Денвер без Јокиќ реди порази, Лејкерс поразени дома од Кингс

Vecer | 27.11.2021

Денвер без Јокиќ реди порази, Лејкерс поразени дома од Кингс

Кошаркарите на Денвер ја продолжија негативната серија и доживеаа пораз од Милвоки со 109:120. На гости убедливо триумфираше Аталанта против Мемфис со 132:100, додека Оклахома е поразена од Вашингтон на свој терен со 99:101.

Денвер го нанижа четвртиот едноподруго пораз откако српскиот центар Никола Јокиќ е вон теренот поради повреда. Најефикасен играч на мечот беше Јанис Адетокунбо од победничкиот тим кој постигна 24 поени и имаше уште 13 скока и 7 асистенции, а ефикасен беше и Пет Конотон со 20 поени. Кај Денвер најмногу поени постигна Ерон Гордон (18).

Аталанта го победи Мемфис со 32 поени разлика. Хокс ги предводеше Тре Јанг со 31 поен, а Клинт Капела имаше 23 и дури 17 скокови.

Интересен и ефикасен меч одиграа Лејкерс и Сакраменто Кинг. Во „Стејплс“ центарот славеа гостите по продолжението со 141:137. Во регуларниот дел беше 100:100 па во продолженијата паднаа дури 78 поени.

Најефикасен на мечот беше Фокс од Сакраменто со 34 поени, додека четири помалку имаше Леброн Џејмс од Лејкерс со 30 поени, а на тоа придодаде и 11 асистенции.

РЕЗУЛТАТИ

Л.А.Клиперс – Детроит            107:96
Шарлот – Минесота 133:115
Њујорк Никс – Феникс  97:118
Орландо – Чикаго        88:123
Индијана – Торонто      114:97
Мемфис – Атланта       100:132
Оклахома – Вашингтон            99:101
Сан Антонио – Бостон 96:88
Денвер – Милвоки        109:120
Јута – Њу Орлеанс      97:98
Голден Стејт – Портланд         118:103
Л.А. Лејкерс – Сакраменто  137:141


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk