logo
logo
logo

Денеска во Велес почнува ерата на Седлоски на клупата на Шкупи!

Vecer | 18.04.2021

Денеска во Велес почнува ерата на Седлоски на клупата на Шкупи!

Нема дилеми, Шкупи нема намера да си игра. Го ангажираше Гоце Седлоски за стратег на тимот, со што покажа дека во наредната сезона има највисоки амбиции. Но за тоа потоа, имено денеска во Велес, на гости кај Борец, трофејниот тренер, еден од нашите најдобри стратези ќе ја започне својата ера како тренер на чаирчани.

Тој своето деби на клупата на Шкупи ќе го има против Борец, затоа овој денешен меч од 28.коло во ПМФЛ ќе биде еден од најинтересните. Ќе треба да се види какво деби ќе има Седлоски, некогашниот долгогодишен капитен на нашата репрезентација, еден од нашите најдобри фудбалери во историјата.

Се разбира дека претстојните шест кола до крајот на оваа сезона Седлоски ќе ги искористи да направи увид во потенцијалот што го поседува неговиот тим. Вистинското, за него и за тимот ќе биде од јуни па натаму.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk