logo
logo
logo

Денеска во 14 ч: Работнички ќе ги “тестира“ избраниците на Ангеловски!

Vecer | 17.02.2021

Денеска во 14 ч: Работнички ќе ги “тестира“ избраниците на Ангеловски!

Како што и се најавуваше, денеска од 14 часот на еден од терените на комплексот на на ФФМ во Скопје, ќе се одржи пријателски натпревар меѓу избраниците на селекторот Игор Ангеловски, кои се повикани за овој тридневен мини – камп и Работнички. Тоа ќе биде убава можност за селекторот да види на кого од сите тие повикани сега, ќе може да смета во мартовскиот квалификациски циклус за СП во Катар 2022, со оглед на тоа дека има најави дека клубовите од најсилните лиги би можеле да не ги пуштат фудбалерите да играат за својата репрезентација. А познато е дека најголемиот дел од нашиот прв репрезентативен тим се интернационалци. Па токму затоа и овој мини – камп беше во последен момент закажан. Тука се оние фудбалери од нашата Прва лига кои повремено се повикуваат од селекторот, има и такви кои за првпат се во вакво друштво.

Интересно е тоа што Лука Станковски и Ристе Јанков, двајцата млади “романтичари“ ќе настапат за селекцијата и тоа против својот Работнички.

Од друга страна ова за Работнички ќе биде силна “генералка“ пред дуелот со Силекс на 28 февруари, меч од 2. пролетно коло. Тренерот Александар Влахо, и тоа поради повреди, нема да може да смета на денешниот дуел на Силјановски и Гроздановски.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk