logo
logo
logo

Денеска е клучен ден за продажбата на Манчестер Јунајтед

Vecer | 22.03.2023

Денеска е клучен ден за продажбата на Манчестер Јунајтед

Постапката за евентуална промена на сопственоста во Манчестер Јунајтед влегува во најважната фаза. Вечерва на полноќ истекува рокот во кој сите кои аплицирале треба да ги испратат своите втори понуди. Според Sky Sports, се очекува пред овој рок да бидат доставени дури осум понуди. Семејството Глејзерс, кои се актуелни сопственици на дваесеткратниоткратниот шампион на Англија, бараат шест милијарди фунти. Тие навестија дека ако не добијат слична сума, ќе се откажат од целосната продажба и наместо тоа ќе го соберат капиталот на клубот, ќе инвестираат свежа готовина и ќе почнат да ги отплаќаат долговите на Јунајтед.

По првиот круг на понуди, највисоките понуди беа од 4,5 милијарди фунти. Според „Мирор“, инвестициската групација од Катар, зад која стои шеикот Џасим Бин Хамад Ал Тани, денеска во пракса е решена да ги одбие останатите кандидати, со што влогот ќе се зголеми на 5,5 милијарди. Тоа би значело дека инвестициската банка Reign, која го води целиот процес во име на семејството Глејзерс, речиси сигурно ќе ја избере катарската понуда како најдобра. На овој начин тимот на Шеикот ќе има пристап до целото сметководство на клубот и до сите документи. Двете страни потоа ќе преговараат за конечната цена. Меѓутоа, доколку Катарците денеска понудат 5,5 милијарди, тоа ќе биде сигурен знак дека на крајот ќе ги платат шесте милијарди што ги бараат Американците, што значи дека Манчестер Јунајтед наскоро ќе има нови сопственици. Тоа најверојатно ќе се случи уште пред отворањето на летниот преоден рок. Договорот сигурно ќе го собори рекордот за најскап продаден спортски клуб.

Другиот главен кандидат, сер Џим Ретклиф, веќе објави дека нема намера да плати нереална цена за Манчестер Јунајтед. Британскиот милијардер има многу сериозни амбиции за клубот, но сигурно нема да ја достигне сумата што се бара, што ќе остави се во рацете на Катарците. Како што пишува Дејли Мејл, сепак, Сер Џим Рактлиф има своја стратегија, а тоа е да се здружи во последен момент со еден од другите инвеститори кои учествуваа во првиот круг за да можат да се натпреваруваат со шеикот Џасим. 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk