logo
logo
logo

Денеска е да се БИДЕ ИЛИ НЕ за Вардар!

Vecer | 14.04.2021

Денеска е да се БИДЕ ИЛИ НЕ за Вардар!

Денеска од 13 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, Вардар го игра својот најважен меч во оваа сезона, ако не и во последните неколку сезони. Имено денеска во директен дуел против Ренова, вардарци ќе ја бараат сламката на спасот во ПМФЛ. Во случај на победа тогаш Вардар ќе има +3 бода од Ренова и ќе ја остави да се дави на тоа претпоследно место. Во случај пак на пораз, е тогаш нашиот најтрофеен клуб веројатно со двете нозе ќе биде во Втората лига,едноставно ќе му нема спас.

Тоа истото важи и за Ренова. “Гипсарите“ по 15-16 години постојано играње во ПМФЛ, освојување на пехари и ПМФЛ и Купот на Македонија, претставување на Македонија во Европа во повеќе наврати сезона имаат лоши, катастрофални резултати и како никогаш досега се соочуваат со испаѓање од елитата.

Значи и за Вардар, но и за Ренова денешниот дуел од 27.коло е да се БИДЕ ИЛИ НЕ.

Традицијата вели дека Вардар е фаворит, Ренова не памети кога славела на гости кај својот денешен ривал. Досега овие две екипи одиграле 59. меча, Вардар има 25 победи, 21 натпревар завршил без победник а Ренова има само 13 триумфи.

На Ренова никако не и оди против Вардар, но денешниот меч е нешто посебно, се работи за клупската судбина и за двата ривали.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk