Легендарниот кошаркар Дражен Петровиќ денес би го прославил 57 роденден.

Тој настрада во 1993 година во сообраќајна несреќа во Германија, а оваа трагедија се смета за едена од најголемите во историјата на спортот.

Петровиќ на 7 јуни 1993 година загина во сообраќајна несреќа, откако неговиот голф се судри со камион со цистерна на автопатот кај Денкедорф во Германија.

Еден ден предходно тој го одигра последниот натпревар и го постигна последниот кош.

Тогаш, Хрватска во полскиот Вроцлав играше квалификации за Европско првенство, а ривал и беше селекцијата на Словенија. Натпреварот немаше резултатско значење, бидејќи Хрватите имаа обезбедено пласман претходно.

После овој меч, Дражен ја донесе одлуката  да се врати во Хрватска со тогашната девојка Клара Сален која таа ноќ била за воланот, а спрема полициските извештаи брзината со која возела била 160 километри на час.

Дражен спиел на совозачкото место, каде што од ударот излетал од автомобилот и на загинал на лице место.

Петровиќ кариерата ја започна во Шибеник, потоа играше за Цибона, Реал Мадрид, за потоа да замине во НБА каде го носеше дресот на Портланд, а потоа во Њу Џерси, каде што ја доживеа најголемата слава.