Дембеле пред казна од 20.000 евра, ја оставил изнајмената куќа во Германија како кочина

" alt=

Францускиот фудбалски репрезентативец Усман Дембеле (21) се почесто е на насловните страници по спортските медиуми, но не поради игрите кои ги прикажува, туку поради лошите постапки надвор од зелениот терен.

Германски „Билд“ тврди дека Дембеле е казнет со 20.000 евра во Германија по тужба од неговиот 71-годишен сопственик на куќата која ја закупил додека играше во Борусија Дортмунд.

Играчот, кој сега е дел од Барселона, предизвикал значителна штета на изнајмениот имот и потоа го оставил во „несреќна состојба” по неговото заминување.

„Секаде имаше ѓубре и ѓубре, имаше гнила храна во фрижидерот и шкафовите, многу стари пластични кеси на подот. Имаше еден куп неплатени сметки зад влезната врата. Како тоа да не беше доволно лошо, Дембеле не ги врати клучевите, па бев принуден да ги сменам сите брави“ – рече Герд Вејсенберг, газдата на куќата.

Дембеле моменто не добива голема доверба во Барселона кај Валверде, па се очекува дека можно е наскоро повторно да ја промени средината.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари