logo
logo
logo

Дејвис пред Вардар: Тоа што го направивме на првиот меч ќе го направиме и дома

Vecer | 06.04.2021

Дејвис пред Вардар: Тоа што го направивме на првиот меч ќе го направиме и дома

Вардар 1961 во четврток го игра реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Вепсрем. Ова ќе биде само формален меч, откако унгарскиот првак на првата средба во Скопје славеше со 14 гола, па пласманот во 1/4 финалето е веќе потврден.

Давид Дејвис, тренерот на Веспрем потенцира дека ги чекаат уште 60. минути и дека не смее да се потцени противникот. Тој и неговите момци немаат намера да попуштат, напротив сакаат домашна убедлива победа.

„Одигравме одличен натпревар и мислам дека никој не очекуваше дека ќе победиме со толкава разлика, највисокиот пораз на Вардар досега беше седум гола. Но, бевме одлични  во напад, одбрана, контра напад… Но, нема да се успиеме. Ќе ја довршиме работата во Веспрем. Овој натпревар трае 120 минути и досега е одигран само до пола. Нема да го потцениме противникот, тоа што го направивме на првиот меч ќе го направиме и дома“, изјави Давид Давис.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk