Дебитираше за Шпанија против Македонија, а сега доби дозвола да игра за Мароко

Светската фудбалска федерација му дозволила на Мунир Ел Хадади да игра за селекцијата на Мороко.
Претходно два пати беше одбиван за дозвола да игра за друг национален тим.
Овој 25-годишен играч со потекло од Мароко, е роден во Шпанија, и во 2014 година дебитираше за „Фуријата“ на меч со Македонија одигран во Валенсија. Тоа беше меч во квалификации за ЕП.
ФИФА, сепак, објав и дека промена на репрезентативниот дрес сега е овозможена со мали измени на правилата кои беа донесени во септември.
Ел Хадади веќе следниот месец ќе може да игра за Мароко.
sportmedia.mk