Италијански Наполи се сопна на гостувањето во Шпанија во првиот меч од 1/16 финалето на Лига Европа. Неаполитанците за кои играше и Елиф Елмас се посрамотија на ова гостување кое го загубија со 2:0 со два брзи гола на Херера (19 минута) и Кенеди (21 минута).

Елмас имаше две шанси во првото полувреме, во вториот дел Рахмани можеше да погоди но мрежата на андалузиската екипа мируваше. Гранада со предност од два гола ќе оди на реванш на „Сан Паоло“.

А Ренџерс кој одигра одлично во групната фаза беше пред пораз на гостувањето кај најстариот белгиски клуб Ројал Антверп. Губеше со 3:2 но со два гола во последните 10 минути го сврте резултатот во своја корист на 3:4 и сега се најде блиску до осминафиналето. Лидерот во шкотскиот шампионат водеше, но Белгијците свртеја, па гостите изедначија на 2:2, за потоа Хонгла да зголеми на 3:2 за „кралскиот клуб“ од Антверпен.

Сепак тоа не беше се. Во финишот бурно. Рајан Кент во 83 минута изедначи, а во 90. минута Баришиќ од пенал донесе победа за гостите од Глазгов.

Слично беше и во Лил. Истоимениот тим водеше против Ајакс се до финишот, а потоа Холанѓаните со два брзи гола (Тадиќ и Броби) победија со 1:2.

Во Лисабон Бенфика и Арсенал одиграа 1:1. За домашните погоди Пици од пенал во 55 минута, а изедначи Сака две минути подоцна.

РЕЗУЛАТИ ОД ДРУГИТЕ ВЕЧЕРАШНИ НАТПРЕВАРИ ВО ЛИГА ЕВРОПА

АНВЕРП – РЕНЏЕРС         3:4
БЕНФИКА – АРСЕНАЛ    1:1
ГРАНАДА – НАПОЛИ      2:0
ЛИЛ – АЈАКС      1:2
МАКАБИ Т.А. – ШАХТЈОР            0:2
МОЛДЕ – ХОФЕНХАЈМ  3:3
САЛЦБУРГ – ВИЉАРЕАЛ              0:2

sportmedia.mk