logo
logo
logo

Де Роси мора да одбие три понуди од бизарна причина

Vecer | 25.02.2021

Де Роси мора да одбие три понуди од бизарна причина

Иако има три понуди да биде тренер на клубови од Серија „А“, сепак, легендата на Рома и на италијанскиот фудбал мора да ги одбие сите.

Фиорентина, Кротоне и Каљари се тимовите кои се интересираат за Даниеле де Роси, и кои сакаат да го видат на клупата. Меѓутоа тој ја нема потребната тренерска лиценца, и тоа поради пандемијата на коронавирусот.

Тој навреме се пријавил за курс, но пандемијата од коронавирусот ги одложува констатно курсевите, па не е можно да биде одржан вториот дел од семинарот кој се однесува на работа на терен.

За тренирање во Серија „А“ потребна е УЕФА про лиценца, чиј курс секоја година почнува во септември, а тоа не може се упише се додека не поминат најмалку осум месеци од претходно положено ниво.

Де Роси има УЕФА Б-А лиценца, и со неа можно е да остане до септември 2022 година. Со неа може да биде само помошник тренер.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk