logo
logo
logo

Де Лихт: Барселона сега нема никаква смисла!

Vecer | 30.05.2021

Де Лихт: Барселона сега нема никаква смисла!

Матијас Де Лихт и следната сезона ќе го носи дресот на Јувентус, младиот холандски репрезентативец нема намера да си замине и покрај бројните понуди. Еден од тимовите кој беше заинтересиран за неговите услуги е Барселона. Дел Лихт не сакаше да откри детали особено по неговата одлука да биде член на торинскиот состав.

„Многу сум среќен за Јуве, таму се чувствувам како дома. Добро се чувствувам и на теренот. Дали имаше и други тимови? Имаше голем број на тимови кои имаат проблеми со пари. Што ќе кажам за моето заминување во Барселона? Не знам, тоа сега нема никаква смисла“, изјави Де Лихт.

Младиот фудбалер го коментираше и заминувањето на Андреа Пирлп.

„Андреа Пирли? Бев среќен со него, веруваше во мене и се обиде да ми помогне во мојот напредок. Но, клубот е тој што одлучува. Минатата година Сари доби отказ, иако ја освои титулата. Што се однесува до Алегри и на него му одеше добро, не се познаваме лично, но мислам дека го знае моето име“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk