logo
logo
logo

Де Бур ги урна гласините: „Не планирам да го викам Робен за ЕП 2020“

Vecer | 10.05.2021

Де Бур ги урна гласините: „Не планирам да го викам Робен за ЕП 2020“

Холандскиот ветеран Арјен Робен се врати на терените по повредата со две асистенции на последниот меч на Гронинген против Емен (4:0) и со тоа го врте вниманието кон себе. Холандските медиуми го споменаа холандскиот селектор Роналд Де Бур да размисли за негово враќање во националниот тим и настап на ЕП 2020.

Кога одлучив да се вратам на терените минатото лето, некаде во моето срце размислував за ЕП 2020, но сфатив дека тоа е речиси невозможно. Посебно што пропуштив речиси една сезона поради повреда. Ако ме повикаат, ќе се согласам. Настап за националниот тим ќе биде победа за мене“, вели Робен.

Меѓутоа селекторот Роналд Де Бур ги урна гласините и надежите на 37-годишниот крилен фудбалер.

После се она што му се случуваше, мило ми е што повторно е на терените. Последен пат кога Робен одиграл 90 минути беше пред две години. За него е одлично што повторно игра фудбал, но да бидеме реални – засега не е спремен за репрезентацијата. Никогаш не вели никогаш – но во моментов не планирам да го викнам во националниот тим. Можеби ќе биде во форма до СП во Катар па тогаш ќе видиме“, изјави Де Бур за „Фудбал интернешнл“.

Арјен се откажа од репрезентацијата во 2017 година по 96 одиграни натпревари и 37 гола.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk