logo
logo
logo

Де Брујн: Ги притиснавме и ги победивме

Vecer | 28.04.2021

Де Брујн: Ги притиснавме и ги победивме

Белгискиот интернационалец Кевин де Брујн  беше еден од најзаслужните за триумфот на Сити над ПСЖ на „Паркот на принцовите“ со 2:1 во првиот полуфинален меч од ЛШ. Тој го постигна првиот гол за Сити, а потоа му го препушти слободниот удар на Марез кој погоди за победа.

Бевме добри во првите 10 минути, но штета за примениот погодок. После тоа им дозволивме да направат уште неколку полушанси. Некако тешко игравме во тие моменти, па потоа го сменивме пристапот и работите изгледаа подобри. Во второто полувреме игравме многу, многу подобро. Ги ставивме под голем притисок. Првиот гол беше среќен, дури ни јас не верував дека топката ќе влезе. Голманот мислеше дека некој ќе ја допре таа топка, а тоа не го стори никој и таа се истркала во мрежата. Продолживме да го притискаме противникот и да ја држиме топката во наш посед.
Трпеливо си ја баравме шансата. Морам да кажам тие не се противник против кој можеш лесно да играш. Сепак, тимот реагираше одлично. Добро излезе за голот на Марез. Тој ме праша дали може да шутира. Му реков, шутирај ако веруваш во себе. Тој шутна и погоди. Победивме, но се уште не е готово. Следува реванш и мораме да се сконцентрираме на тоа“, изјави Де Брујн.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk