logo
logo
logo

Давид Виља стана генерален менаџер на клуб од Индија

Vecer | 06.05.2021

Давид Виља стана генерален менаџер на клуб од Индија

Индискиот прволигаш Одиша објави дека го назначиле поранешниот шпански репрезентативец Давид Виља за нов генерален директор. Виља кој е екс-европски и светски шампион со Шпанија, ја заврши кариерата во 2019 година, а своето искуство сега ќе го пренесе во индискиот клуб од источниот град Бубанесвар, кој заврши последнопласиран во индиската Суперлига минатата сезона меѓутоа не испадна затоа што оваа лига е од затворен тип (нема испаѓање ниту промоција).

За овој клуб настапувале и Алесандро Дел Пјеро, Роберто Карлос, Јон Арне Рисе, Флоран Малуда, а како тренери работеле Роберто Карлос и Џанлука Замброта.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk