logo
logo
logo

Давид Алаба потврди дека заминува од Баерн Минхен

Vecer | 16.02.2021

Давид Алаба потврди дека заминува од Баерн Минхен

По цели 13 години минати во клубот, и освоени огромен број на трофеји, што на домашна што на интернационална сцена репрезентативецот на Австрија, Давид Алаба потврди дека на лето откако ќе му истече актуелниот договор со клубот, ќе си замине од Алианц Арената.

Ова сега е веќе и дефинитивно со оглед на фактот што го потврди и самиот фудбалер. Преговорите околу новиот договор, кои се водеа подолг период не вродија со плод, пред се поради мегаломанските барања на фудбалерот на име на плата. Не се знае точно каде тој ќе ја продолжи кариерата, но со оглед на неговите финансиски апетити, два до три клуба во моментов можат да си го дозволат во своите редови.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk