logo
logo
logo

Дарко Радуловиќ позитивен на Ковид-19

Vecer | 02.04.2021

Дарко Радуловиќ позитивен на Ковид-19

МЗТ Скопје во следниот период ќе биде без тренерот Дарко Радуловиќ. Причината е Ковид-19, младиот стратег се чувствува добро со благи симптоми.

“Несаканите работи никако да го забиколат нашиот тим, откако по убедливата победа над Академија ФМП дојде немила вест дека позитивен на коронавирусот е нашиот тренер Дарко Радуловиќ.

Тој се чувствува добро и има само благи симптоми на Ковид-19, но веднаш замина во домашна изолација. Во негово отсуство, тренинзите ќе ги води асистентот во стручниот штаб, Васко Атанасов, како и средбата против Пелистер закажана за в недела во „Јане Сандански“.

Ова е само продолжение на малерозниот период во нашиот тим, по повредите на Олуџоби и Гравет и болеста на Магдевски, кој до пред извесен период исто така беше во изолација поради Ковид-19. Но, тоа што не може да не’ скрши, не’ прави уште посилни.

А, на тренерот Радуловиќ му посакуваме лесно пребродување на болеста и брзо враќање на паркетот и тоа уште посилен од досега”, известија од таборот на МЗТ Скопје.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk