logo
logo
logo

Дарен Флечер е нов технички директор на Манчестер Ј.

Vecer | 10.03.2021

Дарен Флечер е нов технички директор на Манчестер Ј.

Дарен Флечер е назначен за нов технички директор на Манчестер Ј. Поранешниот фудбалер на „црвените ѓаволи“ од денеска ја презема улогата на технички директор на клубот, откако Оле Гунар Солсјкер го врати Флечер во клубот во јануари за да го засили својот стручен штаб, а сега тој доби нова улога.

Во декември 2018 година, кога Жозе Мурињо го напушти „Олд Трафорд“, Јунајтед го истакна местото на технички директор како еден од приоритетите, па затоа Џон Муртог, кој е во клубот од 2013 година, и Мет Џаџ, исто така, добија нови функции. Муртог е фудбалски директор, а Џаџ сега а е директор на фудбалски преговори.

Иако сега има трио кое ќе се грижи за спортски трансфери, како што пренесуваат британските медиуми, Солскјер ќе има право на своевидно вето како менаџер кога станува збор за засилувањата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk