logo
logo
logo

Данска на “мускули“ до триумф против Хрватска!

Vecer | 22.01.2022

Данска на “мускули“ до триумф против Хрватска!

Вечерва, во Будимпешта во меч од групата – 1 на ЕУРО 2022, Данска со 27:25(12:11) успеа да ја победи Хрватска, но доста потешко од очекувањата, и тоа на „мускули“ што се вели, ако се знае како досега “коцкестите“ играа досега.

Со овој триуф Данска ита кон полуфиналето, додека Хрватска и натаму е без бодови во главната фаза на ова ЕП.

Првиот дел започна со силовито темпо на Данска. До 18.минута Хансен и другарите имаа +4, резултат 8:4. Сепак Хрватска успеа да се “стегне“, одигра борбено и храбро и во 26.минута успеа да дојде до егал, 10:10. Сепак на крајот од првиот дел Данците имаа водство од 12:11.

Вториот период пак со исто темпо, Данска подобро започна, во 41.минута имаше 18:17, имаше и +2, +3, сепак Хрватите беа тука резултатски. Цело време играше со 7 на 6 во нападот, а Хансен беше неумолив, со неколку добри акции и голови од далечина, Данска во 50.минута имаше 22:19. Мариќ ја држеше Хрватска во „игра“ со своите голови. Во текот на целиот меч Хрватска имаше неверојатна поддршка од трибините, но сепак тоа не беше доволно.

Интересно, во 53.минута судиите и подарија гол на Хрватска, оној на Чупиќ, сите беа зачудени како тоа може овој гол да се признае.

Во финишот сепак Данска успеа да ја задржи предноста, а на крајот семафорот покажуваше 27:25.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk