logo
logo
logo

Даниел Мојсов е нов играч на Брегалница

Vecer | 20.06.2021

Даниел Мојсов е нов играч на Брегалница

Големо, огромно засилување за тимот на Брегалница пред стартот на новата за Штипјани веќе прволигашка сезона.

Нивни член станува екс Македонскиот репрезентативец и искусен интернационалец, Даниел Мојсов, кој доаѓа во Штип откако го заврши својот долгогодишен престој во Кипар.

Мојсов има огромно искуство зад себе, смени неколку клубови надвор од нашите граници, и се враќа во домашниот шампионат по цела деценија.

„За нас претставува задоволство што добиваме големо засилување за новата прволигашка сезона. Се работи за искусен интернационалец, поранешен репрезентативец со богато интернационално искуство кој треба да донесе стабилност во тимот но и силен поттик за развој на младите фудбалери во нашиот состав“ – вели спортскиот директор на Брегалница, Никола Тонев.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk