Данците од авион „слетаа“ во сала (ФОТО)

Данскиот ракометен национален тим, немаше ниту два часа „адаптација“ на климата во Скопје. Тие практично од авион, веднаш „слетаа“ во салата „Борис Трајковски“.
Слетаа во 16:30 часот, малку одморија, а потоа се упатија кон салата каде што вечерва се игра мечот.
Микел Хансен и соиграчите се сигурни во себе, ветуваат лесно ќе ја минат Македонија, но последниот збор го имаат нашите момци
Дуелот започнува во 20 часот, а сите интересни настани околу мечот, следете ги на „Спортмедиа“.
sportmedia.mk