logo
logo
logo

Дамите во нов поход, Литванија за потврда на мундијалскиот бараж

Vecer | 20.03.2021

Дамите во нов поход, Литванија за потврда на мундијалскиот бараж

Нема време ниту за одмор, ниту за славање. Пред женската ракометна репрезентација денеска (17 часот) е нова задача во битката за место во мундијалскиот бараж.

По триумфот над Исланд прв во квалификацискиот турнир, кој се одржува во Скопје, селекторот Симе Симовски и неговите избранички против Литванија ќе бараат заверка на позициите кои водат кон првиот чекор во остварување на сонот – Светско првенство.

Нашите ракометарки одиграа добар меч против Исланд, на дело ја покажаа нивната желба и мотивираност. Литванија не е познат противник, но Симевски заедно со Црвенкоска ги направија забелешките, го проследија мечот меѓу Литванија и Грција, кој му припадна токму на денешниот противник. Задачите се поделени, останува на дело да се спроведат инструкциите.

И на оваа средба се очекува поискусните да го понесат товарот, а младите да ги следат во чекор. Сара Ристовска, Елена Ѓорѓиевска и Матеја Серафимова, беше нашето ударни трио против Исланд.

Македонија и на оваа средба влегува како фаворит, со победа ќе се зацврсти на лидерското место, утре против Грција ќе бара совршен крај на овие квалификациски дуели, кои ќе ја зголемат самодовербата пред баражот.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk