logo
logo
logo

Дали Крис Пол ќе се откаже од 30 милиони долари поради Лејкерси?

Vecer | 22.07.2021

Дали Крис Пол ќе се откаже од 30 милиони долари поради Лејкерси?

Крис Пол оваа сезона ја заврши под своите очекувања, неговиот Феникс имаше водство од 2-0 во финалната серија, но не успеа да дојде до првата титула во својата 17-годишна кариера.

По завршување на битката за тронот во НБА-лигата се огласи легендарниот Меџик Џонсон, кој ја отвори темата за преселба на Пол во Лејкерси, каде заедно со Леброн ќе биде одличен тандем. На листата на „езерџиите“ е Расел Вестбрук.

Пол има уште година дена од договорот со Феникс, но дали ќе остане зависи од него. Тој треба да ја активира клаузулата доколку планира да го носи дресот на Санс. Финансиски гледано Феникс е одлично место за него, ќе заработи 44,2 милиони долари. Но, доколку сака да замине во редовите на Лејкерси, понудата е помала односно 9,5 милиони долари по сезона.

Санси нема да му застанат на патот, дури и ќе му понудат повеќегодишен договор, па доколку се одлучи да го облече дресот на Лејкерси, во тој случај ќе биде вклучен трампа.

На крајот Пол треба да биде и подготвен да се откаже од 30 милиони долари за да дојде во Лејкерси и заедно со Леброн и Ентони Дејвис да се бори за првиот шампионски прстен.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk