Дали ФК Вардар ќе падне во бугарски раце

По заминувањето на рускиот тајкун Сергеј Самсоненко, моќна бугарска компанија има намера да го купи најтрофејниот македонски фудбалски клуб ФК Вардар. Од добро запознати извори, порталот Трибуна.мк добил информација дека рускиот милионер ќе биде наследен од голем бугарски конзорциум, што е подготвен да го спонзорира ФК Вардар на неодредено време.

Трибуна.мк кој е бизок на една нова политичка партија и на бугарски државни и партиски структури вели дека информацијата се уште не е официјално потврдена. Според порталот, за директор на ФК Вардар се очекува да биде назначен поранешен играч на Вардар, кој играл во соседна Бугарија каде што ги бранел боите на еден од најпознатите фудбалски клубови.
Други медиуми денеска објавија дека ФК Вардар ќе го преземе градот Скопје.

Веста за преземањето на ФК Вардар доаѓа по веста дека за Бугарија сите со бугарски пасоши се Бугари.

Поврзани

Најнови вести

Коментари