logo
logo
logo

Далас не можеше без Дончиќ и Порзингис, Бруклин и ЛА Клиперс сигурни дома

Vecer | 12.03.2021

Далас не можеше без Дончиќ и Порзингис, Бруклин и ЛА Клиперс сигурни дома

Победничката низа од 4 последователни триумфи за Далас заврши синоќа на гостувањето кај Оклахома. Без својата прва виолина, Лука Дончиќ, Мавси не успеаја да го изненадат домаќинот кој со 116:108 успеа да оствари посакувана победа. Интересно е што Далас во својот тим го немаше и Порзингис, кој исто така не беше дел од тимот на ова гостување.

Словенецот има проблем со скочниот зглоб на десната нога, додека Летонецот се пожалил на повреда на десното колено. Во отсуство на првите две ѕвезди во тимот, Ричардсон со 27 поени беше најефикасен кај Далас, додека кај Оклахома Жилиус-Александ со 32 поени и 6 асистенции го предводеше тимот до победа.

Сигурна победа синоќа за ЛА Клиперс кои на домашен терен го совладаа Голден Стејт со 130:104. Ленард со 28 поени ги предводеше домашните до 25-тата сезонска победа, додека Гостите ја продолжија лошата серија и го запишаа четвртиот последователен пораз.

Бруклин без Дурент успеа да слави на дербито со Бостон 121:109. Ирвинг со 40 поени и шут 15/23 беше лидер во домашниот тим, каде Харден заврши со 22 поени. Кај Постон Тејтум со 31 поен беше најефикасен.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Детроит 105:102

Бруклин – Бостон 121:109

Торонто –  Атланта 120:121

Чикаго –  Филаделфија 105:127

Мајами – Орландо 111:103

Милвоки – Њујорк 134:101

Њу Орлеанс –  Минесота 105:135

Оклахома – Далас 116:108

Портланд –  Феникс 121:127

Сакраменто – Хјустон 125:105

ЛА Клиперс –  Голден Стејт 130:104


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk