logo
logo
logo

Цвеќето на Олимписките игри ИМА ПОСЕБНО, ПОТРЕСНО И ЕМОТИВНО ЗНАЧЕЊЕ

Vecer | 02.08.2021

Цвеќето на Олимписките игри ИМА ПОСЕБНО, ПОТРЕСНО И ЕМОТИВНО ЗНАЧЕЊЕ

Цвеќето кое им се дава на светските врвни спортисти на церемониите за доделување на Олимписки медали во Токио, главно доаѓаат од североисточните јапонски провинции, кои беа уништени од земјотрес и цунами во 2011 година и погодени од топењето на реакторот во нуклеарната централа Фукушима .

Освојувањето на олимписки медал е одличен момент за секој спортист, но букетите - од кои повеќе од пет илјади ќе бидат доделени на олимписките и параолимписките победници - имаат посебно значење оваа година и со тоа домаќините исто така им оддаваат почит на жртвите на несреќата во Фукушима.

Речиси 20.000 луѓе загинаа во катастрофите што ги погодија јапонските префектури Ивата, Фукушима и Мијаги. Најголем дел од цвеќињата што ќе им бидат подарени на победниците на Олимписките игри оваа година доаѓаат од овие провинции.

Светло жолтите сончогледи, кои доминираат на букетите, потекнуваат од провинцијата Мијаги, а ги засадиле членовите на семејствата на загинатите деца. Семејствата засадиле цвеќиња на падините на ридовите каде што нивните деца избегале пред цунамито.

Белите и виолетови цвеќиња потекнуваат од Фукушима и се одгледуваат како дел од иницијативата започната за заживување на локалната економија по катастрофата што го уништи локалното земјоделство.

Мали светло сини цветови се одгледуваат во Иват, крајбрежна област уништена од цунамито во 2011 година.

Букетот, исто така, се состои од светло зелени цвеќиња од аспидистра, одгледани во Токио и избрани како претставници на градот домаќин на Игрите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk