logo
logo
logo

Црвена Звезда добива две големи засилувања

Vecer | 23.04.2021

Црвена Звезда добива две големи засилувања

Црвена Звезда има големи амбиции за следната сезона. Тимот сака повторно да игра во Лигата на шампионите, а за таа цел ќе договори две големи засилувања.

Станува збор за австрискиот дефанзивец Александар Драговиќ, кој има и српски корени. За овој фудбалер веќе се шпекулираше и на почетокот на оваа сезона, но до трансфер не дојде.

Вториот е напаѓачот Александар Пријовиќ, кој игра во Ал Итихад. Но, некако се загуби таму, го нема во националниот тим, далеку е од формата во која беше, па Звезда сака да го искористи тоа, и сигурно тој би бил големо засилување за тимот од „Маракана“.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk