logo
logo
logo

Црвен картон за Кузмановски во поразот од Кил

Vecer | 11.04.2021

Црвен картон за Кузмановски во поразот од Кил

Македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски и неговиот Хановер немаа сили за сензација против Кил, беа совладани со убедливи 29-35 во рамките на 25. коло во Бундес-лигата.

Кузмановски натпреварот го заврши со 51. минута, заработи црвен картон. Македонскиот репрезентативец зад своето име запиша само еден гол.

Хановер беше рамноправен противник во првото полувреме, во кое имаше и водство од три гола (9-6), Кил со серија од 3-0 израмни на 9-9, на полувремето беше (16-16). По одморот нова серија на гостите од 4-0 им донесе предност од 22-26, до крајот Хановер не успеа да се врати.

Екберг со осум и Сагосен со седум гола беа најефикасни кај победникот. Кил е лидер со 37 бода, Хановер се наоѓа на 14. место на табелата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk