ЛИВЕРПУЛ СЕ ВКЛУЧИ ВО ТРКАТА

Црвен дрес за Пасторе

Интерес за услугите на поранешниот фудбалер на Палермо, покажаа и раководните лица на Рома и на Интер

Англискиот премиерлигаш Ливерпул е последниот клуб кој покажа интерес за услугите на аргентинскиот интернационалец од редовите на францускиот гигант ПСЖ, Хавиер Пасторе.

Одличниот играч за врска веќе не крие дека е незадоволен од минутажата која ја има на "Паркот на принцовите", но потребната дозвола за да ја промени клупската средина ќе ја добие само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 35 мил. евра.

Интерес за услугите на поранешниот фудбалер на Палермо, покажаа и раководните лица на Рома и на Интер.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари