ОТКРИЕН ТАЈНИОТ ПЛАН НА НЕИМАР

Црно му се пишува на Кавани

Француските медиуми информираат дека Кавани ја добил подршката од останатите соиграчи, но победник ќе биде миленикот на клупските челници

Иако се изнагушкаа за време на првенствениот дуел против екипата на Бордо, бразилските и шпанските медиуми се убедени дека меѓусебната војна помеѓу ѕвездите на ПСЖ, Едисон Кавани и Неимар, ќе заврши со триумф на најскапо купениот играч во фудбалската историја, а Уругваецот ќе биде продаден за време на летниот преоден рок.

Само за потцетување, двајцата се скаараа околу ударот од белата точка за време на првенствениот дуел против екипата на Лион, а по натпреварот малку фалело да има и физичка пресметка во соблекувалната.

Француските медиуми информираат дека Кавани ја добил подршката од останатите соиграчи, но победник ќе биде миленикот на клупските челници.

Две недели подоцна, Неимар го изнеде ударот од белата точка и постигна прекрасен погодок од слободниот удар, што според шпанските и бразилските медиуми е јасен сигнал дека поранешниот фудбалер на Барса ќе биде владетел на "Паркот на принцовите".

Се погласни се шпекулациите дека Неимар го применува тајниот план кој треба да кулминира со продажба на Кавани. Уругваецот остана без капитенската лента иако Силва и Мота не беа во комбинација за дуелот против Бордо, а Мбапе ја доби централната позиција во нападот која до пред неколку недели беше резервирана за Кавани.

Поврзани

Најнови вести

Коментари