Циципас искрено за Ноле - Делуваше уморно

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас изјави дека се чувствува среќно, откако во осминафиналето на Роџерс купот го совлада најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ.

За Циципас ова е најзначајна победа во неговата кариера, а во првиот дуел против Ѓоковиќ победи со 2:1 во сетови по два часа и 18 минути игра.

- Навистина е неверојатно. Никогаш не сум бил толку среќен. Одиграв перфектно. Излегов на теренот со мали очекувања, а остварив толку важна победа. Новак не беше сосема подготвен, а делуваше и уморно. Јас го искористив тоа и играв агресивно, добро сервирав и уживав на теренот, нагласи 19-годишниот тенисер.

Циципас во четвртфиналето ќе се соочи со германскиот тенисер Александар Зверев.

Поврзани

Најнови вести

Коментари