logo
logo
logo

Чупиќ: Платите не ни беа важни, верувавме дека Вардар пак може да ја освои ЛШ

Vecer | 26.03.2021

Чупиќ: Платите не ни беа важни, верувавме дека Вардар пак може да ја освои ЛШ

За вардаровата бајка долго време ќе се прераскажува, а истата е оригинална кога ја прераскажуваат играчи како Иван Чупиќ. Хрватскиот ракометар ќе остане врежан во срцата на фановите на Вардар, за сето она што го стори за тимот. За ЕХФ ја прераскажа својата кариера, секако говореше за деновите минати во Скопје, со кого ќе се збогува по крајот на оваа сезона.

„Кога ја освоивме нашата прва титула во 2017 година, Вардар го имаше Сергеј Самсоненко, човекот кој инвестираше неколку години. Таа година имавме тим од младост и искуство, врвни шпански ракометар и одличен тренер Раул Гонзалез. Целиот тим се вклопи и дојдовме до успехот. Тоа заедништво, врската меѓу играчите, го победи индивидуалниот квалитет на другите клубови”, вели искусниот ракометар.

Втората титула е послатка, дел од играчите си заминаа, во тешките денови се искачија на врвот.

“Третата титула во ЛШ во 2019 година беше неверојатна. Многу играчи и Раул си заминаа во таа сезона, медиумите пишуваа за крај на Вардар и дека Самсоненко си заминува. Само неколку од нас кои бевме дел од првата генерација ја имавме таа врска од претходно. Не ни беше важно што немавме плати, сакавме да се обидеме и верувавме дека можеме пак да ја освоиме ЛШ. Го надминавме секој проблем и покажавме дека чуда се случуваат“, кажа Чупиќ за ЕХФ.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk