logo
logo
logo

Чупиќ: ПИК Сегед знае да користи грешки, да одиграме подобро од Скопје

Vecer | 17.02.2021

Чупиќ: ПИК Сегед знае да користи грешки, да одиграме подобро од Скопје

Вардаровиот ракометар Иван Чупиќ пред утрешното гостување во Сегед, вели дека тимот мора да одигра подобро од првиот натпревар, и помалку да греши за да дојде до добар резултат.

„Првиот натпревар бевме блиску да не го загубиме. 50 минути водевме, и на крај малку индивидуални грешки и утнати зицери, и кога ќе се собере, таква добра екипа како ПИК Сегед знае да ги искористи грешките“, рече Чупиќ.

Тој додаде дека и покрај тоа што тимот ќе ја нема поддршката, секогаш е тешко да се игра на ова гостување.

„Празната сала во Сегед нема да значи ништо, секогаш тешко е да се игра таму. Нема многу време за плачење, утре одиме на пат, и ја респектираме екипата на Сегед. Ќе дадеме се од себе, да одиграме подобро од Скопје. Формата ни се дига од натпревар во натпревар. Добро е да одиграме уште еден добар меч за нас и за нашите навивачи“, вели Чупиќ.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk