Ракомет

ЧСМ Букурешт го освои третото место во ЛШ

Ракометарките на ЧСМ Букурешт го освоија бронзениот медал на завршниот турнир во Лигата на шампионите. Романскиот тим во мечот за третото место го победи црногорскиот шампион Будуќност со 26:20.

Најефикасна во редовите на победникот беше Изабел Гулден со девет погодоци и тоа од исто толку обиди. Ова е втора сезона за Будуќност без европско одликување, откако минатата година во мечот за третото место загубија од ЖРК Вардар.

Од 17:45 часот ќе се игра финалето меѓу ЖРК Вардар и Ѓер, со надеж дека нашиот претставник ќе се радува на европската круна.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари