ЧОВЕКОТ СО ТЕЖОК ДЕФОРМИТЕТ КОЈ НАПИША ИСТОРИЈА! Му велеле дека е заостанат, а невиноста ја загубил со коза

Фудбалската легенда, познатиот Гаринча, имал животна приказна достојна за холивудски филм
Светот на фудбалот го одбележаа многу познати имиња како Пеле, Диего Марадона, Роналдо, но едно име се издвојува на посебен начин.
Како што секоја приказна за фудбалски великан од почетокот на 20 век не смее да биде необична, така и тажната судбина на овој фудбалски велемајстор никого нема да остави рамнодушен.
Мануел Франциско дос Сантос, попознат по прекарот Гаринча, е роден на 28 октомври 1933 година во Мага, во близина на Рио и беше еден од најдобрите бразилски и светски фудбалери.
Гаринча е роден со деформиран ‘рбет, шест сантиметри пократок и искривена лева нога и изгледал како дете кое ќе се бори за живот. Но, тој живот имаше и свои блескави моменти.
Помало од другите деца, несреќно градено, болно, ова момче, како и неговите врсници, уживаше да гледа фудбал. Набрзо следуваше првата можност, првиот контакт со топката и на сите им беше јасно – се роди ѕвезда! Поталентиран и поумешен од другите, не можеше да остане незабележан – сите фудбалски менаџери одлично знаеја кој е Гаринча.
Бил сиромав човек кој можеше да му даде на фудбалскиот свет неповторливи игри, му се восхитуваа сите што го виделе барем еднаш.
Во него ја видоа надежта дека е можно да се постигне успех во Бразил и покрај животните препреки и живеењето во сиромаштија и суровоста на фавелата. Двократниот освојувач на Светското првенство, еден од најдобрите дриблери досега, член на идеалниот состав на Светското првенство по избор на ФИФА и седмиот играч на листата на најдобри играчи на 20 век, постигна историска кариера.
Brazil won the 1962 World Cup 60 years ago today. W19 D2 L0 from July 1960 to March 1963. Never lost any game with Pelé & Garrincha playing. Pic taken before WC 1962. Back: Djalma Santos, Zito, Gilmar, Zozimo, Nilton Santos, Mauro. Front: Garrincha, Didi, Pelé, Vava, Zagallo pic.twitter.com/DhuYWkNv1S
— Barry Anderson (@BarryAnderson_) June 17, 2022
“Гаринча беше неверојатен играч, еден од најдобрите на сите времиња. Можеше да се справи со топката како никој друг. Да не беше тој никогаш немаше да освојам три Светски првенства”, изјавил Пеле.
Приватниот живот беше токму спротивното. Ментално заостанат, тој наводно ја изгубил невиноста со коза на 12 години, а уште од најраното детство страдал од пијанството на татко му и самиот станал алкохоличар. На 14 години работел во локална фабрика, а подоцна побегнал од мафијата и сокрил сообраќајна несреќа во која загинала неговата тешта.
Јавноста го прослави и покрај неговиот неуреден живот, дури и со оглед на тоа што стана татко на 17 години. Беше женет двапати. Прво со Наир, а потоа се оженил со Елса Соарес, популарна бразилска пејачка, чија мајка ја однел во смрт удирајќи со автомобилот во камион во 1969 година.
За жал, фудбалската бајка не траеше долго! Тој тргнал по стапките на својот татко алкохоличар, трошејќи ги заработените пари на скапи пијалаци и лесни жени – лесно ги совладуваше противниците, но не и гените.
Следните десет години ги поминал консумирајќи алкохол во неверојатни количини. Една година откако бил хоспитализиран осум пати, психички и физички скршен, тој починал на 20 јануари 1983 година од цироза на црниот дроб, оставајќи зад себе најмалку 14 деца.
На неговиот погреб дојдоа стотици илјади луѓе. Иако во 2017 година беше утврдено дека по ексхумацијата никој не е сигурен каде се посмртните останки на Гаринча, останува да се запамети дека неговиот споменик е напишано:
„Тука почива оној што беше Радоста на народот – Мане Гаринча.