logo
logo
logo

Чоко легендо, со дресот од Крањ стигна во Букурешт (ФОТО)

Vecer | 13.06.2021

Чоко легендо, со дресот од Крањ стигна во Букурешт (ФОТО)

 

Панчев до Бошковски и 1:0 за Македонијааааа…Така беше нашата историја во 1993 година во Словенија каде го одигравме првиот натпревар.

Македонската фудбалска репрезентација денеска е на врвот и на неколку часа до својот прв настап на ЕП. Зоран Бошковски – Чоко стрелецот на првиот гол за Македонија пристигна во Букурешт. Легендарниот голгетер на себе го има уникатниот дрес со број „7“ кој го носеше пред 28 години кога и го постигна првенецот и голот за антологија…

„Морав да сум тука. Морав! Ова уживање и оваа убавина за ништо на светот не се пропушта. Не мене е дресот кој го носев во Крањ. Од тој прв историски меч до овој историски настап денеска. Среќен бев и пред 28 одини, но и сега. Срцето ми е полно за Македонија“, вели Бошковски кој од трубините ќе навива за неговите потомци во дресот на нашиот национален тим.

Од новој состав на Македонија само Пандев, Хасани, Спировски, Тричковски, Алиоски, Крсте Велковски и Адеми биле родени кога Чоко тресеше за првпат во националните бои.

„Супер е атмосферата во Букурешт. Дојдов сопријатели од Скопје, со автомобил, возевме долго но сега нема замор. Сега во мислите е само како да ја победима Австрија. Напред за нашите момци ги имаат сите срвца од сите македонци!!!“, коментира легендарниот Чоко само за СПОРТМЕДИА.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk