logo
logo
logo

Чкембари се секогаш тука, некогаш на трибина некогаш на тобоган

Vecer | 28.02.2021

Чкембари се секогаш тука, некогаш на трибина некогаш на тобоган

Навивачката група која го бодри Пелистер, популарните Чкембари се познати по тоа што се екстремно лојални кон својот клуб. Низ годините Пелистер знаел да биде и освојувач на купот, и претставник во Европа но и второлигаш, или кандидат за испаѓање.

Во моментов Пелистер се мачи на резултатски план, но денеска „обели образ“ и тоа на домашен терен. Обезбеден триумф против Ренова со 3:1, и тоа значи мирен сон барем до среда и новото коло.

Чкембарите беа тука како и обично, но не на трибина, поради пандемијата, туку стационирани веднаш до стадионот, на полуларниот битолски базен, односно високиот тобоган. Од таму може да се следат мечевите, и тоа како во ложа што се вели. Вистинско уживање, особено што Пелистер денес победи, а на Чкембарите тоа им е најважно нели…

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk