Или си Швајцарец, или си Албанец кога играш со швајцарски дрес

Чистка во Швајцарија по сканадолот со “орлизирање“ на националниот дрес

Главна спортска вест во Швајцарија е потегот на селекторот Владимир Петковиќ кој сосема неочекувано соопшти дека четворица репрезентативци повеќе нема да настапуваат во швајцарскиот дрес. Ова е последица на реакциите на швајцарската јавност која не прифаќаше играчите на светското фудбалско првенство да играат во нивниот, швајцарски дрес, а да прославуваат со симболи на друга земја - Албаија.

Босанскиот тренер ги отпиша Џуру, Фернандес, Лихштајнер и Бехрами. Токму Валон Бехрами, швајцарецот со албански корени реагираше најбурно од сите и порача дека таквата одлука на селекторот има политичка позадина.

„Петковиќ ми се јави, мислев дека ме повикува за нормално да поразговараме, но тој всушност ми ја затвори вратата. Селекторот има право да каже што ќе посака, но ова очигледно е политичка работа", изјави Бехрами. Разговорот помеѓу селекторот Петковиќ и Бехрами во кој му е соопштено дека нема повеќе да игра за Швајцарија бил телефонски и траел половина минута.

Фудбалерот со косовско потекло настапува во дресот на Швајцарија од 2005-та година и има одиграно 83 натпревари во швајцарскиот дрес. Тој има настапено на дури четири светски првенства и е единствениот швајцарски фудбалер на кого му успеало тоа. Бехрами има најголемо искуство но и авторитет меѓу Албанците кои играат во швајцарски дрес и ова е силна порака до сите нив. Следниот кој може да очекува отказ е Блерим Џемаили.

Поврзани

Најнови вести

Коментари