logo
logo
logo

Чистка во Атлетико Мадрид, заминуваат седум играчи

Vecer | 13.04.2021

Чистка во Атлетико Мадрид, заминуваат седум играчи

Атлетико Мадрид подготува мал „ремонт“ за идната сезона. Според „Ел Ларгуеро“, Диего Симеоне ќе се откаже од седум играчи на крајот од сезоната, меѓу кои Саул, Хименез, Тореира, Витоло, Врсаљко и Дембеле. Бројот на нови играчи ќе зависи од тоа кој ќе замине.

Саул Нигез е пред трансфер во Баерн Минхен, додека Хименез веројатно ќе продолжи во Премиерлигата, иако неговата цена вртоглаво паѓа после се поголемиот број на повреди.

Тореира веројатно ќе се врати во Арсенал по завршувањето на сезоната, а Витоло, од кого многу се очекуваше, ќе биде ставен на трансфер листа.

Врсаљко ќе биде продаден затоа што неговиот договор истекува во 2022 година. Исто така се појави информација дека Алваро Мората ќе се врати, но веројатно тој ќе остане во Торино и во следните сезони.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk