Чилиќ со импресивен кам-бек остана „жив“ на АТП финалето

epa07165707 Croatia's Marin Cilic reacts during his round robin match against John Isner of the USA at the ATP World Tour Finals tennis tournament in London, Britain, 14 November 2018. EPA-EFE/NEIL HALL

Марин Чилиќ се врати од сет негатива за 6:7(2)/6:3/6:4 победа над Американецот Џон Изнер за да ја забележи првата победа на АТП финалето во Лондон и да ги задржи шансите за пласман во полуфиналето по стартниот пораз од Александер Зверев.

Сепак, за да оди понатаму, на Чилиќ ќе му треба победа над светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ, против кого има очаен скор од 2-16, или Изнер да смогне сили и по двата порази на турнирот да го победи Зверев во последното коло.

Изнер, кој на турнирот настапува само бидејќи Рафаел Надал се повреди и веќе традиционално се повлече од завршниот турнир за најдобрите осум во сезоната, започна одлично и со својот сервис не му дозволи многу простор на Чилиќ во првиот сет, добивајќи го во тај-брејк со убедливи 7:2. Меѓутоа, поранешниот гренд слем шампион потоа со по еден брејк во следните два сета успеа да направи импресивно враќање.

Фото: ЕПА

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари