logo
logo
logo

Четворица играчи на Јунајтед сакале да зборуваат со навивачите, не добиле дозвола

Vecer | 03.05.2021

Четворица играчи на Јунајтед сакале да зборуваат со навивачите, не добиле дозвола

Мечот помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул во Премиер лигата не почна во предвидениот термин поради немирите кои ги предизвикаа навивачите на „Црвените ѓаволи“. Тие го искажаа незадоволството од работата на првите луѓе на клубот фамилијата Глејзер, прво протестираа пред хотелот каде што биле сместени играчите на Јунајтед, а потоа се преселија на „Олд Трафорд“. Со тоа дербито беше одложено.

Неофицијално четворица фудбалери барале дозвола од челните луѓе да зборуваат со навивачите меѓутоа не добиле. Хари Мегваер, Бруно Фернандес, Немања Матиќ и Скот Мектомини сакале да се симнат пред хотелот и да ги убедат навивачите да се повлечат и да се одигра мечот, но биле спречени од раководните луѓе.

Легендарниот Рој Кин  кој е поранешен капитен на Јунајтед смета дека вчерашниот инцидент е само почеток на она што следува.

„Не е во прашање само последните неколку недели и Суперлигата. Тие со години се незадоволни од работата на раководтвото“, вели Кин.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk