Лино Червар по завршувањето на Мундијалот во Египет морал веднаш да замине на здравствени прегледи и да биде подложен на операција, на вадење на камен од бубрег. Очигледно дека тој имал сериозни здравствени проблеми кои мора да се решаваат на најтешкиот начин со операција.
„Морав да одам и да направам операција на камен во бубрегот. Имам проблеми и со грбот, ќе трееба да одам на магнетна резонанса, а потоа можеби и на уште една операција. Семејството и пријателите ми даваат безрезервна подршка во моментов“ – изјави Червар за хрватските медиуми.
sportmedia.mk